fbpx

На 53 години татко по четврти пат: Двојно помладата сопруга му роди син

Борис Новковиќ (53) и неговата 25 години помлада сопруга станаа родители, пренесуваат регионалните медиуми.

Ирис Волф се породи со царски рез и донесе на свет здраво машко дете, а хрватскиот пејач стана татко по четврти пат.

„Како и со претходните деца, ова ми е еден од најсреќните денови во животот. Се’ помина во најдобар ред со мајката и со бебето и едвај чекам да се вратат дома“, изјави Новковиќ за „Тпортал“.

Нивната љубовна приказна започна пред две години, а јавноста дозна за истата кога заедно се појавија на загрепската премиера на документарниот филм „Ватрени“.

Минатата година двојката накратко се раздели, но не стигнаа до развод.

Избраничката на Новковиќ студира моден дизајн и е прогласена за најсекси Хрватка за 2016 година.

Во април 2019 година, Борис и Ирис го добија првото заедничко дете, ќерката Си. Покрај неа, пејачот ги има и синовите Борна и Ноа од претходниот брак.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Не е поради бременоста: Зошто Меган Маркл не оди на погребот на принцот Филип?

Првпат откако се пресели во САД, принцот Хари во неделата се врати во Велика Британија за да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип. Шок: Откриена последната желба на принцот Филип Хари во Лондон допатува без сопругата Меган Маркл и синот Арчи кои останаа во Санта Барбара. Медиумите пишуваа […]