fbpx

Не бирал средства: Нови монструозни дела на Веља Невоља

По судското вештачење во скриената просторија во објектот во Ритопек кој наводно го користела криминалната банда на Вељко Беливук, пронајдени се ДНК-траги на машина за мелење месо, информираат српските медиуми.

Дополнително ќе се истражува дали оваа машина е користена за прикривање на траги од убиства.

„Машината за мелење месо може да се користи за уништување на делови од тела (лешеви), поради полесно прикривање и евентуално фрлање на тие делови со оглед на фактот дека Ритопек се наоѓа на брегот на Дунав“, смета Ненад Стефановиќ, претседател на Здружението на судии и обвинители.

Може сè да падне во вода: Веља Невоља со уште еден генијален потег

Веднаш по апсењето на Невоља, медиумите пишуваа за Марко Миљковиќ Маре, човекот за кој многумина тврдат дека стои зад монструозните дела во кланот, за распарчување трупови, нивно палење и потопување во киселина.

Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.

Таткото на Миљковиќ е повеќекратен шампион во стрелаштво и се верува дека како пасиониран љубител на оружје, љубовта кон овој спорт му ја пренел и на синот.

Пораснал со траума: Тајната на Веља Невоља

Вељко Беливук и уште дваесет негови соработници повеќе од три месеци се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Погледнете ги дланките и стапалата: Д-р Даница за новите симптоми на корона

Покрај веќе познатите симптоми на Ковид-19, постојат уште некои знаци кои би можеле да укажат на инфекција од вирусот. Доколку дланките и стапалата ви изгледаат како премрзнати, тоа не е добар знак. Отоците и црвенилата на прстите на нозете и на рацете најчесто се јавуваат кај асимптоматските случаи. Станува збор […]