fbpx

Пораснал со траума: Тајната на Веља Невоља

Не стивнуваат реакциите во јавноста по апсењето на Вељко Беливук (36). Познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда се обвинети за серија монструозни дела, а српските медиуми дознаваат дека тој влече трауми уште од најрана возраст.

Кога имал само девет години, неговиот татко Небојша извршил масакр во семејниот стан кога активирал рачна бомба. Немилиот настан во кој настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана се случил на 13 февруари 1995 година.

Во станот бил и Беливук со уште едно дете, но тие преживеале. Како што пишувале тогаш медиумите, страшната експлозија одекнала точно во 19 часот.

Невоља и самиот зборуваше дека е израснат без родители. Негови блиски соработници во една прилика раскажале дека тој бил немилосрден кон еден телохранител кога истиот со погрдни зборови ја прозивал неговата мртва мајка.

Шокантен пресврт: Оваа старлета го предала Веља Невоља

Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Како се запознале Надица и Иво?

На трети мај пред 10 години се венчаа Надица Георгиева и Иво Јанковски. Важат за една од најусогласените двојки на домашната јавна сцена. Во една прилика Надица изјави дека бракот со Иво е најубавото нешто што ѝ се случило на љубовен план. Се запознале пред скоро две и пол децении, набргу […]