fbpx

Солзи за Стефан: Пред четири дена наполни 30, а сега ненадејно почина

Поранешниот првак во пливање и истакнат судија, Стефан Андоновиќ, ненадејно почина на 30-годишна возраст, информира Здружението на пливачки судии во Србија изразувајќи сочуство до семејството на младиот спортист.

„Со огромна жалост ја информираме јавноста дека ненадејно и прерано не’ напушти Стефан Андоновиќ, поранешен српски репрезентативец во пливање и истакнат пливачки судија“, стои во соопштението.

Андоновиќ е роден на 13 мај 1991 година во Белград. Беше член на пливачкиот клуб Партизан. Освои дури 11 индивидуални трофеи. Беше кадетски, јуниорски и апсолутен државен првак на 200 метри пеперутка, а освои и многу други медали во различни дисциплини на државни и на меѓународни натпреварувања.

Со трогателни посвети од Стефан се простија и семејството Андоновиќ, но и неговата девојка Сања Андрејевиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Необична жена: Која е Андреа, новата Мис Универзум?

„Мексико, оваа титула е за тебе“, порача 26-годишната Андреа Меза која е прогласена за Мис Универзум на 69-то издание на овој престижен светски избор за убавина. Андреа дипломирала софтверски инженеринг и тоа гордо го истакнува, особено поради фактот што во оваа сфера доминираат мажите. Таа е голем борец за женските […]