fbpx

Тој има 24, а таа 77: Го прашаа што ќе прави кога ќе умре, одговорот ги воодушеви!

Гери Хардвик има 24 години и вели дека љубовта на својот живот, дури 53 години постарата Алмеда, ја запознал на погребот на нејзиниот син Роберт.

Таа 2015 година кога се’ уште бил тинејџер, немал никаква интуиција дека ќе му се случи еден таков настан што ќе му го промени животот.

Како што вели, првпат ја видел Алмеда кога имала 71 година и веднаш знаел дека таа е вистинската.

После само 14 дена ја запросил преку телефон, а таа прифатила.

И двајцата тврдат дека оваа невообичаена разлика во години воопшто не им пречи и дека со секој нов ден се’ повеќе се вљубуваат еден во друг.

Веднаш по венчавката Гери се преселил кај Алмеда и нејзиниот внук кој е три години постар од него.

Признаваат дека луѓето се шокираат кога ќе погледнат нивни заеднички фотографии, но дека тоа воопшто не ги загрижува.

„Секој нов ден ја сакам повеќе од претходниот. Таа е мојата сродна душа. Најважна е хемијата во една врска, а не разликата во години. Знам луѓе кои се генерација и кои едноставно не се компатибилни бидејќи имаат различни интереси и хобија“, вели Хардвик.

Тој открива дека секогаш го прашуваат што ќе прави кога таа ќе почине.

„Пред се’, тоа е чудно и непристојно прашање. Тоа што сте во врска со некој постар од вас, не значи дека тој прв и ќе умре. Можеби јас ќе починам пред Алмеда. Но, тоа не е нешто со кое ние двајца се оптоваруваме. Навистина не размислуваме за тоа“, нагласува тој.

Признаваат дека сексот им е одличен и дека првпат биле интимни по венчавката.

„Беше преубаво. Тоа не го очекував ниту во најлудите соништа. Таа навистина е мојата жена од соништата и физичката страна од нашиот однос не може да биде подобра“, порачува ова младо момче.

Алмеда, пак, вели дека никогаш во животот не инсистирала да биде со помлад маж.

„Гери едноставно се појави и веднаш знаев дека е вистинскиот. Одличен љубовник е и не можам да бидам посреќна“, вели таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Фала ти, Господе: Коки со емотивна посвета за ќерка си

Познатиот македонски музичар Никола Јанков, поранешен член на дуотот „Дуле и Коки“, денеска има голем повод за славење. Неговата ќерка Лара која ја има од бракот со портпаролката на АМСМ, Росана Петревска, наполни 12 години. „Ми порасна. Фала ти, Господе“, напиша тој под фотографијата што ја објави на „Фејсбук“. Во […]