fbpx

Фала ти, Господе: Коки со емотивна посвета за ќерка си

Познатиот македонски музичар Никола Јанков, поранешен член на дуотот „Дуле и Коки“, денеска има голем повод за славење.

Неговата ќерка Лара која ја има од бракот со портпаролката на АМСМ, Росана Петревска, наполни 12 години.

„Ми порасна. Фала ти, Господе“, напиша тој под фотографијата што ја објави на „Фејсбук“.

Во своите интервјуа, Коки секогаш нагласува дека Лара му е најголемата гордост.

И неговата поранешна избраничка секогаш со емотивни објави го одбележува роденденот на ќерка си.

„Најубавиот ден во животот ми е 26-ти мај. Утрото таа 2009-та година животот ми подари божји благослов. Мојот крвоток, моја една и единствена, блескај во животот со посветеност, искреност, чесност и работи за да успееш. Среќен роденден Лара“, напиша таа на социјалните мрежи пред две години. 

По разводот со Росана, Коки ретко дава интервјуа за приватниот живот.

Во јули 2019 година во кратка изјава за „Женски магазин“ потврди дека веќе извесно време е во брак со Маја која по професија е адвокат. Подоцна, некои портали напишаа дека и оваа врска не успеала, но немаше официјална потврда, ниту пак демант на овие гласини.

Во меѓувреме, музичарот призна дека се’ повеќе е свртен кон верата и дека во карантинските денови ужива да се дружи со Библијата.

„Сѐ уште ја проучувам и учам од словото Божјо. Верувам во Бог зошто без него не можеме да направиме ништо. Ја барам неговата мудруст“, изјави тој.

Ј.П.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Брчките на овој дел од лицето се сигнал за сериозен здравствен проблем!

Француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз тврдат дека борите на горниот дел од лицето, а најмногу оние на челото, можат да бидат добро предупредување за потенцијални проблеми со срцето и со крвните садови. Нивното истражување покажало дека на основа на изгледот може многу да се дознае за здравјето […]