fbpx

Понижување: Оваа бремена жена сега има само една порака!

Меган Флојд, 22-годишна работничка од Шефилд, одлучи да ја тужи Никол Трули, шефицата на салонот во кој работела, поради тоа што нејзината претпоставена ѝ дала отказ преку порака, а притоа ѝ останала должна 55 отсто од последната плата.

Меган била вработена од август 2019 до февруари 2020 година, а кога останала бремена побарала покачување за да си овозможи поголема сигурност во грижата за детето.

Но, наместо тоа, прво била приморана да работи и прекувремено и за викенди, а потоа добила отказ и двојно помала плата.

„Бев коректна кон неа. Бев и повеќе од разумна и само ја прашав дали може да го разгледа мојот предлог за покачување и да ми овозможи барем малку послободно време. Мислам дека точно знаеше што прави и дека воопшто не ѝ се допадна што некој ѝ бара малку подобри услови за работа или слободно време“, раскажува Меган за „Дејли Стар“.

Изненадувачки, судот пресудил во корист на отпуштената девојка. Таа добила 280 фунти поради пропустот на нејзината шефица, но и 554 фунти поради неисплатени девет дена од годишниот одмор. На нејзината сметка легнале и дополнителни 4.600 фунти како оштетена странка.

„Сакав да ја победам неправдата и да укажам на експлоатирањето на работниците во салоните за убавина. Затоа, одлучив да студирам право и кариерата да ја продолжам во друга насока. Мојот случај нека биде охрабрување за сите работници да се борат за себе и да не дозволат било каква злоупоттреба од газдите“, порачува таа.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

По двегодишна врска, добила список од идната свекрва: Останала во шок!

Откако јавно го објави писмото, многу девојки ја советуваа веднаш да го остави партнерот Оваа девојка почувствува на сопствена кожа како една совршена врска може да се претвори во пекол и тоа поради свекрвата. Таа останала вчудоневидена кога дознала како всушност изгледа „син на мајка“. По две години забавување со […]