fbpx

По двегодишна врска, добила список од идната свекрва: Останала во шок!

Откако јавно го објави писмото, многу девојки ја советуваа веднаш да го остави партнерот

Оваа девојка почувствува на сопствена кожа како една совршена врска може да се претвори во пекол и тоа поради свекрвата.

Таа останала вчудоневидена кога дознала како всушност изгледа „син на мајка“.

По две години забавување со момчето за кого мислела дека е идеален, добила список со правила на однесување од идната свекрва. Останала во шок од тоа што го прочитала, па одлучи „правилата“ да ги објави со нејзините следбеници на социјалната мрежа „Тик Ток“.

– Мојот син не е твој личен банкомат.

– Ако дојдеш во мојот дом облечена како егзотична танчарка, ќе бидеш избркана.

– Ако видам некои провокативни пораки во неговиот телефон, ќе бидеш избркана.

– Разбери дека ако не ми се допаѓаш, пак ќе бидеш избркана.

– Тој е син на мајка. Ако немаш прстен на раката, твоето мислење не е воопшто важно.

– Не е твоја работа да го менуваш мојот син. Прифати го каков што е или ќе бидеш избркана.

– Тој е џентлмен. Јас го научив на тоа. Подобро ти е да се однесуваш како дама, за да го заслужиш неговото внимание.

– Знам како можам да избегнам затвор.

– Ако успееш некако да ги одбегнеш овие правила и да завршиш со веренички прстен, имај в предвид дека повеќе нема да бидам мајка на твоето момче, туку твоја свекрва и ќе биде уште полошо.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Наместо помал нос, изгорено лице: Вознемирувачки слики со пациентите на Олгица!

Олгица Маркановиќ (31), сопственичка на „медицинско-естетски центар“ во Белград и на салон за убавина во Бања Лука, е уапсена под сомнение дека извршила кривично дело неовластено занимање со одредена дејност, за тешки дела против здравјето на луѓето и за надрилекарство, соопшто српското министерство за внатрешни работи. Олгица, наводно, од април […]