fbpx

Почина млад студент, зборовите на Сара ќе ве расплачат

Итан Џејмс Вилијамс, 22-годишен студент од Ливерпул, почина ненадејно во теретана.

Вработените велат дека едноставно се срушил додека вежбал на вреќата за удирање. Иако бил веднаш хоспитализиран, неколку часа подоцна бил прогласен за мртов.

Трагедијата се случила пред неколку месеци, но сега конечно е позната причината за смртта (згрутчување на крвта), а првпат се огласија и од неговото семејство.

Неговата сестра Сара покрена акција на социјалните мрежи за собирање средства со кои би се направила спомен-клупа во чест на нејзиниот брат.

Таа го опишува како неверојатна особа која во истиот миг ја исполнувал било која соба со љубов и насмевка.

„Беше полн со живот, толку енергичен и духовит. Беше најпозитивниот лик во нашето семејство. Во неговото тело немаше ниту една лоша коска, просто беше неверојатен Не го велам ова само затоа што умре, навистина беше посебен“, вели таа.

Итан студирал социологија, а слободното време најчесто го користел за физички активности.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се сеќавате ли на Росаура и на Ранду? Вака изгледаат денес!

Првата голема ТВ-сапуница која се прикажуваше во македонскиот етер беше теленовелата „Касандра“. Во 90-тите години на минатиот век уриваше рејтинзи на гледаност, а за главните протагонисти во серијата се пишува и денес. Ако сте биле фан на „Касандра“, сигурно се сеќавате на злобната Росаура. Актерката Лоли Санчез денес има 64 […]