fbpx

Погреб, наместо роденден: Се удави младо момче, зборовите на семејството ќе ве расплачат

Десетгодишно момче се удави на градскиот базен во Оџаци кога негов врсник наводно го турнал додека си играле.

Во паника, другарот веднаш побегнал од местото на несреќата, а безживотното тело на Б.П. било извадено од водата дури по еден час од трагедијата која го потресе регионот.

Родителите на Б.П. скршени од болка, денеска им открија на медиумите дека нивниот син не знаел да плива.

Неутешен, таткото Дарко (43) раскажува како вчера отишол да купи костум во кој ќе го погреба своето чедо.

„Одам да си го облечам детето“, во бунило повторува тој.

Пекол по смртта на татка си: Славната српска актерка почина на 48 години

Во семејниот дом пристигна и мајката Аница, која пред осум години се развела од Дарко.

„Си замина и ретко доаѓаше. Синот толку многу сакаше да ја види. Среќа моја. Како баба сега ќе живее без него. На 23 јуни требаше да наполни 11 години. Размислувавме како да прославиме. Сега наместо роденден, организираме погреб“, во солзи зборува бабата Драгана (56).

Полицијата допрва ќе ги утврдува деталите од несреќата. На момчето кое го турнало Б.П. во базенот нема да му се суди бидејќи е малолетно, но не е исклучена можноста да одговараат неговите родители.

Фото: КурирТВ/Никола Анџиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Голем си Господе: Македонската пејачка конечно стана мајка

Познатата македонска пејачка Татијана Стефановска конечно стана мајка. Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи. „Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“. Под објавата се редеа емотивни честитки од фановите, по долгогодишната […]