fbpx

Голем си Господе: Македонската пејачка конечно стана мајка

Познатата македонска пејачка Татијана Стефановска конечно стана мајка.

Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“.

Под објавата се редеа емотивни честитки од фановите, по долгогодишната борба на Стефановска да се реализира како родител.

Ова е второ дете за нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежаноски, кој од претходниот брак има син.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се породи Луна Џогани, бебето доби име со посебно значење

Се породи Луна Џогани, позната српска пејачка и ѕвезда од реалните шоуа. Таа на свет донесе девојче кое доби име со посебно значење. Миа потекнува од италијанскиот збор „миа“ што значи „моја“. Современите истражувања покажуваат дека ова име може да се протолкува и како „единствена“, „господарка“ или „принцеза“. Во меѓувреме […]