fbpx

Закани по живот, развод, рак.. Поранешниот сопруг на Маријана си ја отвори душата

Докажаниот македонски музичар првпат толку искрено проговори за несреќните денови

Животот во Австралија мене лично ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости кои доаѓаа од примитивци кои не принудија да одиме дури и по австралиските судови, ни од заканите по живот кои ни стигнуваа напишани на наш македонски јазик, ни од стравот дека целата работа и нашиот скромен имот ни виси на конец од истите тие луѓе кои ни доаѓаа на кафе и ни изигруваа пријатели.. Ете тоа мене лично ме направи неспособен за компромис и за пребродување на кризата во нашата врска. А јасно е дека без компромс, врски не постојат.

Ова е дел од интервјуто на докажаниот македонски музичар Тоде Новачевски кој првпат толку искрено говори за заминувањето во Австралија, за разводот со Маријана и односот со децата, но и за тешката болест од која се опоравува.

„Иако мојот рак на белите дробови нема никаква врска со Ковид 19, почетокот на проблемот, пред две години и развојот на болеста беа скоро исти. Од една страсна инфекција добиена заедно со грип и после недобро направена дијагноза, за неколку месеци стигнав до внатрешно крварење, до рак на крвта и до метастази кои ме раздрмаа и физички и психички до максимум. Сепак, засега барем низ оваа моја последна животна епизода поминувам како да ми е почеток на еден нов, поубав и посреќен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост. За да биде сето тоа уште потешко и поемотивно, дојде и веста за влошување на здравјето и смртта на мојот татко Владе. Ете таков е редоследот на нештата низ кои минував во периодот на последните две години, заедно со мизеријата со Ковид 19, која ни го поремети животот на сите нас. Јас сепак не го пишувам сево ова за да се жалам, туку напротив за да се пофалам со фактот дека во овој тежок период на животот, кога со моето нарушено здравје стигнав и до тоа да не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен, да сум сепак позитивен, ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега во последните две децении“, раскажува Новачевски.

Целото интервју со авторот на евергрините „А од љубов не се бега“, „Признавам“, „Ако не исчезнам“ и „Свири ми брате цигане“ прочитајте го на порталот „Свет-Австралија“.

Следни Објави

Крвав хонорар: Овие естрадни ѕвезди се поврзуваат со Беливук

Долг е списокот со естрадни ѕвезди кои наводно пренесувале дрога и переле пари за криминалната банда на Вељко Беливук. Во мобилниот телефон на популарниот Веља Невоља, полицијата открила експлицитни фотографии кои доколку јавно се објават, би нанеле огромна штета на многу познати личности. Познатите старлети Тијана Ајфон и Мими Оро […]