fbpx

Срцето ми е скршено: Загина млад инфлуенсер, мајката неутешна

Младиот инфлунесер Тимоти Хал, на социјалните мрежи познат под псевдонимот Тимбо д Реднек, загина во страшна несреќа, објави неговото семејство.

Животот го загубил обидувајќи се да изведе трик со камионет. Излетал од возачкиот прозорец пред возилото да се преврти и да го поклопи.

Тажната вест на неговиот профил на „Тик Ток“ ја сподели мајка му скршена од болка.

„Тимоти нема никогаш повеќе да снима видеа. Мојот син вчера загина во тешка несреќа. Не успеа да преживее. Би сакала да упатам благодарност до неговите фанови. Знам дека беше почитуван тиктокер, веруваше во тоа што го прави. Понекогаш не ме слушаше, понекогаш премногу ризикуваше. Моето срце е скршено“, изјави таа.

Тимоти имаше само 18 години.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Оливер загина пред бремената сопруга и децата

Нова трагедија го вознемири регионот Оливер Ѓуриќ, 32-годишен маж загина во сообраќајна несреќа додека се тркал со 24-годишниот А.С. кој бил во другиот автомобил. За несреќата да биде уште поголема, сведоци на трагичниот настан биле неговата бремена сопруга и нивните деца кои се наоѓале во трет автомобил. Ѓуриќ, инаку жител […]