fbpx

Трагедија: Почина популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Почина уште еден поранешен натпреварувач на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

На 62-годишна возраст битката со коронавирусот ја загуби Драган Милојевиќ-Јапанац, а смртта ја потврди и неговото семејство.

Бројни колеги од естрадата, но и од адвокатската фела со неверување ја примија оваа вест.

„Само што слушнав за трагедијата. Многу ми е жал. Ова е голема загуба за сите нас кои го познававме и кои сакавме да ја слушаме неговата музика. Сочуство до семејството, ќе го памтиме како весел и насмеан пејач, ентузијаст и адвокат“, изјави Зорица Акерман за „Гранд онлајн“.

Драган Милојевиќ е роден 1959 година во Чуприја. Прекарот Јапанац го доби поради специфичниот физички изглед. Љубов и талент кон интерпретирањето покажал уште во основно училиште. Во даден период од кариерата во фокусот му беше исклучиво рускиот мелос.

Заврши правен факултет и негова примарна професија беше адвокатурата.

Освен во музиката, страствено беше вљубен и во моторите, а како најдраг спомен му остана турата што ја извози низ Португалија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и Турција.

Ова дефинитивно е црна година за пејачите од „Никогаш не е доцна“. Пред пет месеци беше пронајден мртов победникот во првата сезона на регионалното музичко шоу, Станоје Станковиќ, многу попознат како Кале Дијамант.

По само три недели почина и Милорад Павловиќ Арса, исто така финалист во шоуто.

Фото: Јутјуб Принтскрин

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Два различни света: Зошто се разделија Дунавка и Ване?

Се надеваме дека Бог ќе нè благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година, напиша Цветанов на почетокот на годината Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, со пријателите на „Фејсбук“ сподели дека ја раскинал веридбата […]