fbpx

Многу ми е тешко, разберете ме: Тага во домот на Наташа Беквалац

Познатата пејачка видно потресена се огласи по загубата

Почина легендарниот телевизиски водител Миња Субота, човекот кој во својата емисија „Музички топоган“ ја прослави Наташа Беквалац.

Таа во повеќе наврати изјави дека ќе му биде вечно благодарна, па очекувано неговата смрт многу ја погоди.

„Многу ми е тешко, разберете ме“, им изјави таа на српските новинари.

Освен како автор на популарната програма за деца која се емитуваше цели 18 години, Субота беше и претседател на Здружението на поп-уметници на Југославија и Србија, беше член во одборите на директори на Сојузот на композитори на Србија и Здружението на џез, поп, рок и рок музичари на Србија, и член на програмскиот совет на Детски игри Змеј.

Како композитор напиша бројни рефрени со забавна музика и шансони, а како вокален солист своевремено сними и неколку плочи за рускиот пазар.

Почина на 82 годишна возраст.

Фото: Фејсбук/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

ХОРОСКОП: Дознајте што ве очекува оваа есен во една реченица!

Овен Ви претстојат нови пријателства кои брзо можете да ги претворите во потенцијални бизнис успеси. Бик Искористете ги контактите кои ги имате за дополнителна работа, на повидок се многу пресвртници во животот. Близнаци Под итно треба да поработите на односот со луѓето, бидејќи оваа есен дефинитивно нема да имате среќа […]