fbpx

Вечерва ќе играм за тебе: Трогателни зборови за Марко

Нова трагедија го потресе регионот

На 49-годишна возраст од коронавирус почина познатиот актер Марко Живиќ.

Глумецот кој во 2008 година се бореше со канцер, бил хоспитализиран пред десетина дена, а откако состојбата нагло му се влошила бил приклучен на респиратор, информираат српските медиуми.

Од својот близок колега со трогателни зборови на „Инстаграм“ се прости актерот Андрија Милошевиќ.

„Вечерва ќе ја играм оваа комедија за тебе, другару мој. И дел од аплаузот ќе поделиш со Нешо (Ненад Ненадовиќ кој минатиот месец, исто така, почина од последици на Ковид-19 н.з.) како што некогаш делевеме трендафили“, напиша Андрија во објавата.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неверување и шок: Се огласи Наташа за смртта на поранешниот сопруг

Вистинските љубители на театарската и на филмската уметност во регионот се’ уште се во шок по смртта на 49-годишниот актер Марко Живиќ. Глумецот кој во 2008 година се бореше со канцер, ја загуби битката со коронавирусот. Познатата српска водителка Наташа Павловиќ која беше четири години во брак со Живиќ е […]