fbpx

Хорор во ковид болница: Чаршавот мистериозно се поместува (ВИДЕО)

Љубителите на паранормални појави се уверени дека се во прашање духови

Медиумите во Хондурас објавија видео кое ги заинтригира следбениците на паранормалните феномени, а кое наводно настанало на ковид-одделението во градската болница на Тегусигалпа.

На снимката од 33 секунди е прикажан чаршав на еден од празните кревети, парче постелнина која на моменти навистина се поместува.

Од порталот „Екстра Дигитал“ признаваат дека не успеале да утврдат кога точно настанало видеото, но во нивната статија истакнуваат дека повеќе корисници на „Твитер“ го препознале одделението на споменатата болница.

„Во суштина, овде секој гледа тоа што сака да види. Некои мислат дека е во прашање провев, додека пак други сакаат да веруваат дека се работи за паранормална појава и истакнуваат дека во еден момент се гледаат стапала (во деветтата секунда од видеото)“, пренесуваат тамошните медиуми кои споделија и еден навистина интересен податок.

Директорот на болницата, Едвин Круз, во понеделникот се пофалил дека на одделението не бил хоспитализиран ниту еден новозаболен, но и дека на интензивна нега во овој момент се наоѓаат само 12 пациенти, сите вон животна опасност.

Фото: Принтсктин/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Сопругата му зеде сè, почна од „нула“: Потресно сведоштво за Љупчо

Беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се’, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта. Ова е дел од сведоштвото на планинарот Игор Смилев за „Фокус“ кој раскажува за пријателството и соработката со Љупчо […]