fbpx

Ова е возачот на автобусот: Љупчо можел да ја избегне трагедијата?

Нови детали за катастрофалната сообраќајка

Љупчо Зафиров е возачот кој управувал со автобусот на „Беса транс“ кој вчера се запали на автопат во Бугарија и загинаа 46 лица.

Бугарските медиуми од почетокот шпекулираа дека причина за несреќата најверојатно е „грешка на возачот“ бидејќи возел со брзина од сто километри на час и дека „не постои ниту милиметар трага од кочење“.

Според нивното сценарио, тој изгубил контрола над автобусот, по што возилото удрило во обележаната банкина и се запалил од последица на ударот.

Другата веројатност е дека пукнала гума пред тој да ја изгуби контролата над возилото кое потоа удрило во банкината, по што избил пожар.

НА ИСТАТА ТЕМА

Сопругата му зеде сè, почна од „нула“: Потресно сведоштво за Љупчо, возачот на автобусот на смртта

Не можев да го спасам синот: Потресно сведоштво на Орхан за трагедијата

Сепак, се појавија нови детали за трагедијата.

Повеќе извори изразија сомнеж дека автобусот превезувал шверцувано гориво, но и пиротехника за претстојните новогодишни празници, со што бил предизвикан пожар од кобни размери откако автобусот удрил во банкината. Од „Беса транс“ ги демантираа ваквите наоди.

Инаку, пред трагедијата, возачот застанал на една бензиска пумпа каде тој и патниците кратко се освежиле пред да продолжат со патувањето.

Истрагата, меѓу другото, треба да покаже дали во просторот за багаж навистина имало канти со дизел-гориво и ако е така, дали возачот транспортирал канистри за себе или за потребите на агенцијата. А, на тоа прашање одговор може да се добие од возачите на другите три автобуси од конвојот, кои може да се проверат дали и тие го правеле истото, пишува „Пресинг ТВ“.

Според обичните математики, што ги прават бугарските медиуми, има разлика во цената на дизел горивото во Турција и во Бугарија и Македонија. Поради инфлацијата и слабата лира, литар дизел во Турција чини 1,33 лева или некаде околу 65-66 центи, додека во Бугарија и Македонија чини 2,40 лева или околу 1,20 евра. Што значи дека дизелот во Турција е речиси двојно поевтин, отколку во Бугарија и Македонија.

Оваа разлика во цената ги прави патувањата до Истанбул речиси до 40% поевтини ако поголемиот дел од горивото се набави во Турција. Токму таа разлика од 1,07 лева или околу 50,035 центи по литар се покажала фатална за изгубените 45 животи на македонските државјани.

Следни Објави

Засекогаш замина нашиот другар: Почина Стојче Ковачевски

Нека му е светол патот Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва сподели тажна вест. Таа со емотивна посвета на „Фејсбук“ се прости од сопартиецот Стојче Ковачевски. „Засекогаш замина нашиот другар, нашиот соборец социјалдемократ, доктор по интерна медицина и поранешен пратеник Стојче Ковачевски од Струга. Споменот на овој прекрасен човек засекогаш […]