fbpx

Не можев да го спасам синот: Потресно сведоштво на Орхан за трагедијата

Тој е во добра здравствена состојба, но скршен од болка поради смртта на своето чедо

Орхан Алити, еден од седумтемина преживеани во трагичната автобуска несреќа во Бугарија, низ солзи за „Слободен печат“ открива нови детали за трагедијата.

Вели дека кобниот момент бил буден и дека видел како автобусот удира во бариерата.

„Мислев дека возачот заспал и дека затоа му побегна воланот и се удри, но во исто време избувна пожар и тоа не ми изгледаше нормално. Автобусот застана малку, потоа пак продолжи да се движи, но пак имаше пламен. Сите луѓе ги фати паника и никој не знаеше што да рече. Во тој момент човекот многу брзо размислува, а ако автобусот го фати пожар, вратите не се отвораат. И во тој момент помислив да скокнам со двете нозе да го скршам задното стакло, но првиот обид ми беше неуспешен. Вториот пат скокнавме пак со двете нозе јас и Љуљзим од Прешево, и во тој момент успеавме да излеземе надвор од автобусот. Мислев само на тоа да станам и да ги повикам другите да излезат од прозерецот од кајшто излеговме ние. Но кога се обидов да станам, видов дека половината ми е скршена, не можев да се исправам. Имав и скршеница на ногата. Кога се видов на асфалтот од спротивната страна, помислив дека ако дојде автомобил од спротивната страна, може да настрадам уште полошо. Се вртев, преминав на другата страна на патот и почнав да викам по син ми Висар, викав колку што можев погласно, затоа што мислев дека и тој скокнал зад мене, но Висар не одговори. За жал, и тој заврши трагично“, раскажува Орхан во ексклузивната изјава за „Слободен печат“.

Тој е во добра здравствена состојба. Првиот ден му била извршена интервенција на десната нога. Вчера имал и операција на грбот. До вторник најверојатно ќе излезе од болница. 

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Проклет да си: Класната на убиените тинејџери со трогателна порака

Нова трагедија го потресе регионот Најмалку три лица се убиени денеска во вооружен напад на автобус со ученици во Косово, информираат регионалните медиуми. Во пукањето кое се случило во Глоѓане, на 90 километри западно од Приштина, настрадале возачот на автобусот и момче и девојче на 18-годишна возраст. Српски „Курир“ пишува […]