fbpx

Проклет да си: Класната на убиените тинејџери со трогателна порака

Нова трагедија го потресе регионот

Најмалку три лица се убиени денеска во вооружен напад на автобус со ученици во Косово, информираат регионалните медиуми.

Во пукањето кое се случило во Глоѓане, на 90 километри западно од Приштина, настрадале возачот на автобусот и момче и девојче на 18-годишна возраст.

Српски „Курир“ пишува дека одмазда е мотивот за трагедијата. Наводно возачот и кондуктерот исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Подоцна истото тоа момче со калашников го начекал автобусот по што отворил оган.

На социјалните мрежи се огласи и класната на убиените тинејџери.

„Проклет да си, криминалецу, ти што ги уби моите ученици. Сочуство до семејствата на сите кои вечерва се убиени“, напиша таа.

Во моментот на пукањето, во автобусот се наоѓале осум патници, пренесува Клан Косово.

Ранетите се префрлени во болницата во Пеќ, но заега од здравствената установа нема информација колку лица се хоспитализирани.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Анастасија сама си става филери: Мажите ме обожаваат!

Порано ме нарекуваа стаорец, вели таа Анастасија Покрешук, 31-годишна девојка од Киев, е новата интернет-ѕвезда и голем љубител на филери, до таа мера што самата си ги аплицира во јаболкниците. Нејзиниот уникатен изглед не го одобруваат сите, но таа е неверојатно популарна на „Инстаграм“. „Мајка ми мисли дека тоа што […]