fbpx

Зборовите на Горан Стефановски денес болат уште повеќе

Горан Стефановски е еден од најзначајните македонски писатели. Од неговите генијални преку триесет драми произлегоа многу култни реплики и цитати.

Неговите зборови ја отсликуваат суштината на македонскиот менталитет, на нашиот дух.

По тешко боледување, Стефановски почина пред три години, а неговата смрт предизвика бројни изрази на почит за неговата брилијантност како писател и професор.

Јаков: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. („Дупло дно“)

Цибра: Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. („Тетовирани души“)

Киро: Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие, ќе знае што да прави со нив. („Лет во место“)

Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. („Жив човек“)

Никола: А што значи самоубиство? Нас нè повика татковината. Јас зедов пушката и тргнав. Како и татко ми пред мене. Имам вера во Бога. Имам вера во власта. („Екс-ју“)

Денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино. („Диво месо“)

Јаков: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот. („Дупло дно“)

Димитрија: Да знаев какви ќе излезете, ќе ве издркав во чаша. Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите ни во телата.. („Диво месо“)

Репликите и цитатите се преземени од https://nekojnekogasnekade.wordpress.com

Следни Објави

Бог ми го испрати: Љубовната приказна на Ана Бекута и Мркоњиќ ќе ве наежи

Почина поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ на 79-годишна возраст. „Си замина мојот Милутин. Ве молам разберете ме, во овие тешки мигови нема да се огласувам“, изјави за „Блиц“ неговата долгогодишна партнерка, популарната пејачка Ана Бекута. Поминаа заедно цела една деценија. Милутин никогаш официјално не се разведе од Даша, позната адвокатка […]