fbpx

Нека ти е светол патот, татичко: Весна Бејби со трогателна посвета

Тажен ден во домот на популарната актерка

Весна Петрушевска сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Утрово починал нејзиниот татко Кирил, а таа со емотивна објава се прости од него.

„Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики.. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџерии, прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно! Нека ти е светол патот татичко, одмори се“, напиша Весна Бејби на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресно: Се огласи момчето на починатата Кристина

Никој не очекуваше ваква трагедија Се’ уште не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот. Пријателите, но и верните следбеници на познатата јутјуберка која со години страдала од врсничко насилство не можат да се помират дека повеќе ја нема. Сега […]