fbpx

Тажна вест: Престана да чука срцето на Андријана Митревска

Уште еден живот прерано згасна

На 35-годишна возраст почина Андријана Митревска.

Пред само две недели битолчани се собраа на хуманитарен концерт каде донираа средства за нејзино лекување.

„Утрово престана да чука срцето на нашата сограѓанка Ани, како што си ја нарекувавме, која по трет пат се бореше со опаката болест. Во 2016 година помина низ две операции и осум циклуси хемотерапии поради рак на дојка, а во 2018 година повторно се соочи со рак на дојка, плус рак на јајникот и мораше да помине низ шест циклуси хемотерапии“, информира „Апла“.

Нејзините сограѓани ќе ја паметат како млада и храбра девојка која своето искуство со болеста несебично го споделуваше и им помагаше на многумина кои се соочуваа со овој здравствен проблем, организирајќи хуманитарни настани за купување на лекови или помош за други трошоци при лекувањето, пишува истиот портал.

СЛИЧНИ ТЕМИ:

Вредеше секоја солза: Надица Ристова открива низ каков пекол поминала

На ангелите не им е местото овде: Мајката на трагично починатото бебе ќе ве наежи

Следни Објави

По пет дена на респиратор, трудница во „Систина“ успеа да го победи ковидот

Во светот многу мал процент преживуваат од ваква животозагрижувачка состојба Нермин Али (36) била во 25. недела од бременоста кога ѝ бил дијаностициран делта-сојот на коронавирусот. Само неколку дена по потврдата, ситуацијата почнала да ѝ се влошува и почнала нејзината битка за живот. Морала да се бори за себе, но […]