fbpx

Шок по смртта на Игор: Три деца останаа без татко

Трагедија!

На 48 години ненадејно почина Игор Каранов.

Причината за смртта на познатиот новинар, блогер и водител е срцев удар, јавуваат белградските медиуми.

Кариерата ја започна во новосадскиот „Дневник“, а долго работеше и во Адрија Медија Груп за магазините „Свет“, „Пулс“, „Глорија“, „Плејбој“, „Ел“ и „Стори“.

Имаше и популарен блог на страницата AllMe, автор е на четири книги, а слабост му беше боречката вештина аикидо.

Неговиот последен ангажман беше во телевизијата „Инсајдер“.

Каранов беше татко на три деца.

Фото: ТВ Хепи

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Цело семејство се заразивме со омикрон, сите ги имавме овие почетни симптоми

Исповед Целото семејство на Гордана Б. се заразило со новиот сој на коронавирусот за Нова година. Прво се разболела ќерка ѝ, а потоа сопругот, па свекорот. Првиот симптом кај сите бил ист – болка во грлото. „Прво ќерката се пожали на гребење на грлото кога се врати од Сплит. Мислевме […]