fbpx

Од смртни закани до ѕвездено небо: Животот на легендарната Мира Фурлан

Една од најголемите југословенски ѕвезди, актерката Мира Фурлан, засекогаш го напушти овој свет пред точно една година.

Почина на 65-годишна возраст во САД каде се пресели во 1991 година и се стекна со светска слава играјќи во хит-сериите „Изгубени“ и „Вавилон 5“.

Фурлан имаше бурен живот, особено по онаа 1986 година кога го запозна својот сопруг, српскиот режисер Горан Гајиќ.

Поради саканиот живееше на релација Белград-Загреб, но тоа не им се допадна на хрватските медиуми кои ја етикетираа како „шпион“. Во тоа време добива отказ од челниците на Хрватскиот народен театар, одземен ѝ е станот кој го наследила од нејзината баба и наводно добивала по педесетина смртни закани на ден.

Но, љубовта меѓу Мила и Горан е посилна од се’, па приморано се отселуваат од Југославија. Две години подоцна стапуваат во брак, а во 1998 година го добиваат синот Марко Лав.

– Браковите се распаѓаат, како кај емигрантите, така и во нормалниот живот, но нашиот издржа и тоа го сметам за големо достигнување во животот. Најлесно е да одмавнете со рака и да се збогувате, а најтешко е да се изборите за нештата да траат. Луѓето мислат дека спас ќе пронајдат во нови почетоци, во нови личности, во нови соништа. Но, новите работи бргу се трошат и човекот повторно се среќава со себеси, со сопствените проблеми. Решението, би рекла, никогаш не е во друга личност, туку во нас самите – изјави Фурлан во една прилика.

Актерката подолго време боледуваше од вирусот Западен Нил.

Последната порака која таа ја објави на „Твитер“ има неверојатна симболика.

– Гледам во ѕвездите. Ноќта е чиста и Млечниот пат се чини толку блиску. Таму одам наскоро. Не е толку лошо. Немам страв. Во меѓувреме, пуштете ме да затворам очи и да ја почувствувам убавината околу мене. Да вдишам под темното небо полно со ѕвезди. Да издишам. Да вдишам. Тоа е се’ – напиша таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Слушнав крици: Потресно сведоштво за трагедијата кај „Сити мол“

Нема утеха Младиот актер и телевизиски водител Жарко Димоски со потресно сведоштво се огласи по трагедијата кај „Сити мол“ во која вечерва животот го загуби 24-годишна девојка од Радовиш откако беше прегазена. „Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката. Слушнав крици што нема да ги […]