Нема утеха
Младиот актер и телевизиски водител Жарко Димоски со потресно сведоштво се огласи по трагедијата кај „Сити мол“ во која вечерва животот го загуби 24-годишна девојка од Радовиш откако беше прегазена.
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката. Слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот. Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома.. За жалење сме“, напиша тој на „Фејсбук“ изразувајќи сочуство.
Во сообраќајната незгода тешко е повредено уште едно лице кое е хоспитализирано.
„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место“, соопштија од полицијата.
Фото: Принтскрин/Сител