fbpx

Кристина има 24 години и 22 деца: Не планирам да застанам!

Сите деца ги носат гените на двајцата родители, но само првата ќерка Кристина ја родила сама

Млада мајка од Русија има 22 деца, но со помош на сурогат мајки посакува семејството уште да го проширува.

Кристина Озтурк (24) и нејзиниот 33 години постар сопруг, бизнисменот Галип Озтурк, се подготвени да потрошат 1,5 милиони долари на сурогат-мајчинство.

Најстарата ќерка Вики ја родила сама пред седум години.

– Другите деца генетски се наши, но ги носеа сурогат мајки – признава Кристина.

– Не знам колку ќе бидеме на крај, но сигурно не планираме да застанеме. Се’ уште не сме подготвени да зборуваме за конечниот број – порачува младата милионерка.

Двојката живее во градот Батуми во Грузија каде е легално да се користи сурогат мајка во бременоста и секоја чини околу 8.000 евра.

Кристина е родена во Москва и била самохрана мајка пред да го запознае партнерот, бизнисмен по потекло од Турција.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Внимавајте! Со овие здрави навики имате трипати поголем ризик за инфаркт

Многумина од нас, освен за постигнување на добра форма и ибликување на совршено тело, во теретана одат и малку да се „издуват“ од сите фрустрации насобрани во текот на денот. Во едно ново истражување се тврди дека оваа рекреативност може да биде многу опасна за нашето здравје. Тестирањето било направено […]