Коста Тимов, 48-годишен долгогодишен менаџер во угостителскиот бизнис, неодамна го отвори етноресторанот „Кај Виктор“ во Босилово. Го води заедно со неговиот 19-годишен син кој има аутизам.
Коста бил професионален кошаркар и играл во првата македонска лига, а денес е дел од ветеранската кошаркарска лига. Повеќе од една деценија бил во менаџерскиот тим на хотелот и казиното „Принцес“ во Гевгелија, а патем учел и запишувал рецепти од готвачите кои работеле таму.
Иако има само 48 години, Коста е сестран како за неколку животи и живее и работи „300 на саат“. Сè што треба за неговиот син единец, сега веќе 19-годишниот Виктор кој е дете со аутизам.
Посветеноста на овој татко е нешто што не се опишува во само еден текст, бидејќи Коста заслужува внимание како човек кој има уште многу планови и планира во својот систем да вклучи и да им помогне и на други родители кои имаат деца со посебни потреби да си го најдат својот пат.
Вели дека неговиот син Виктор син се родил како здраво дете, но на околу 15-месечна возраст, по примената вакцина, состојбата се променила.
За голготата со образовниот порцес на неговото чедо, но и воопшто за третманот на децата со попреченост, Коста зборува отворено за порталот „Мајка и дете“.