fbpx

Почивај во мир, прерано си замина: Дуа Липа скршена

Нова трагедија го потресе музичкиот свет. На 31-годишна возраст почина британскиот претприемач, диџеј и јутјуб-ѕвезда Џамал Едвардс, информира „Би Би Си“. Причината за смртта се’ уште не е позната.

Меѓу првите основа јутјуб-канал на кој објавуваше видеа од пријатели кои ги снимаше додека пеат. Подоцна ја основа онлајн музичката платформа SBTV која лансира бројни ѕвезди меѓу кои и мегапопуларниот Ед Ширан.

Во 2014 година доби специјално признание за неговиот придонес во глобалната музика. Стана и амбасадор на хуманитарната организација предводена од принцот од Велс.

Од Едвардс се прости и пејачката Дуа Липа.

„Срцето ми се скрши кога ја слушнав тажната вест. Почивај во мир Џамал. Моите мисли се со неговите пријатели, со семејството и со сите луѓе до кои допре. Прерано си замина“, напиша таа.

Фото: Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тажната судбина на девојчето од хитот на Чолиќ: Еве каде е Ивана од „Чаје шукарије“ (ФОТО)

Кога во 90-тите се појави спотот на Здравко Чолиќ за темата „Чаје шукарије“, цела Југославија го засака девојчето кое ги пее стиховите „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато“. Ова слатко дете со претходно актерско искуство наеднаш се повлече од јавноста, а години подоцна медиумите ја дознаа причината. […]