fbpx

Имам 21 година, а веќе сум реализиран како татко: Синот на Анѓушев си ја отвори душата

Огнен Анѓушев, синот на познатиот македонски бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, најави лансирање на сопствен моден бренд.

Анѓушев кој има завршено моден дизајн на престижниот факултет Иституто Марангони најави женска гардероба изработена од фини материјали наменета за свечени пригоди.

Во искрено интервју за тинејџерскиот портал „Хаштаг“ тој зборува како е да се биде син на еден од напознатите бизнисмени кај нас.

„Од една страна е големо олеснување да се има татко кој е позициониран во домашната економија затоа што имам привилегија да учам од еден од најдобрите, но истовремено и големо бреме затоа што како син на познат бизнисмен, очекувањата се поголеми и просторот за грешки е помал, а сепак треба да го задржите високиот стандард на тековните работи“, раскажува Огнен.

Синот на Анѓушев открива и интересни моменти од приватниот живот.

„Јас имам 21 година, а веќе имам оформено семејство и сум реализиран како татко, така што доколку сте амбициозни, работливи и имате јасна цел можете да постигнете се‘“, порачува тој. 

Целото интервју можете да го прочитате на „Хаштаг“.

Следни Објави

(ФОТО) Невкусно и кич: Роденденот на Северина како свадба

Околу 250 гости присуствуваа на јубилејниот 50-ти роденден на поп-ѕвездата Северина. Од фотографиите кои гостите ги споделија на социјалните мрежи може да се забележи дека клубот во кој се одржа прославата бил уреден како за свадбена прослава. Харис Џиновиќ, Ана Бекута, Саша Матиќ, Тарик Филиповиќ и Петар Грашо се дел […]