fbpx

Трагедија! Му почина и другиот син, познатиот пејач скршен од болка

Тешки мигови за легендарниот музичар

Првата семејна трагедија му се случи пред седум години, а лани се соочи со уште една огромна болка која, како што вели, не му ја посакува ниту на најголемиот непријател.

Ник Кејв пред неколку месеци објави дека почина неговиот 30-годишен син Џетро Лезенби. „Со огромна тага можам да потврдам дека мојот син Џетро почина. Би ви биле благодарни за семејна приватност во овој момент“, напиша тој тогаш во официјалното соопштение за медиумите.

Причината за смртта не ја објави.

Лезенби кој беше актер и манекен, неодамна заврши во затвор поради насилно однесување кон мајка си во нејзината куќа во Мелбурн. На петти мај со кауција бил пуштен од притворскиот центар во Мелбурн, откако судија за прекршоци му наложи да се пријави во центар за одвикнување од зависности и да одбегнува контакт со мајка му во наредните две години.

Следното утро се искарале, по што ја удрил во лице оставајќи ѝ видливи модринки. Таа побегнала во локалниот паб каде замолила присутните да повикаат полиција, беше кажано пред судот.

Адвокатот на Џетро изјави дека на неговиот клиент му е дијагностицирана шизофренија која влијаела на неговото однесување.

Во 2018 година првпат се соочи со правдата за сличен инцидент. Тогаш беше обвинет дека ја нападнал својата поранешна девојка.

Пред седум години Ник Кејв го погреба и синот Артур кој имаше само 15 години кога почина по пад од карпа во Брајтон.

Истрагата потврди дека малолетниот Артур земал ЛСД непосредно пред несреќата, но вештак утврди дека се излизгал случајно.

Фронтменот на „Д Бед Сидс“ по трагедијата се пресели во Лос Анџелес, бидејќи „Брајтон станал премногу тажно место“.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ја познававме по трпеливоста: Македонија тагува, почина млада учителка

Уште еден живот прерано згасна, струмичани тагуваат По кратко боледување, почина младата струмичанка Атиџе Мемедова, јави порталот „Струмица денес“. Колегите од ООУ „Маршал Тито“ каде долги години беше учителка велат дека била одличен педагог. „Ја препознававме по трпеливоста“, велат тие. Мемедова беше дел и од Советот на општина Струмица. Зад […]