Трагично заврши потрагата по 27-годишниот Матеј Периш откако неговото тело вчера беше пронајдено околу 9:20 часот кај Ада Хуја.
Целата истрага ја следеа низа контроверзии, а неодамна беше обелоденет и еден бизарен детаљ од животот на младото момче.
На „Јутјуб“ беше објавена, па избришана семинарска работа за чипување луѓе чиј автор наводно е Матеј Периш. Во истата детално се опишуваат бенефициите од чипирањето на децата со кое би се спречило нивно киднапирање.
Покрај тоа, како придобивка е наведено и чипувањето на постари лица, значењето на време да се предупредат дијабетичарите, но и генерално оние што се алергични на нешто. Во семинарската работа се наведува дека целта на чипирањето е перманентно да им се олесни животот на луѓето носители на чипот.
„Гледано од практичен аспект, микрочиповите вградени во телото ја поедноставуваат целата процедура на заштита на податоците кои ви се неопходни“, пишува во трудот.
Изборот на темата и не би бил толку чуден, ако е во прашање некој друг студент.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО