fbpx

Тага! Македонската естрада завиена во црно: Нека ти е светол патот во вечните ловишта!

Марио Липша беше во брак со Сашка Петковска која загина во сообраќајна несреќа

Вчера во Скопје почина Марио Липша (79 ), музичар и естраден работник со кого ме врзуваат незаборавни спомени затоа што со него покрај тоа што се дружевме, соработувавме во повеќе пионерски потфати на македонската сцена.

Со него успешно ги организиравме првите македонски поп-рок фестивали, изборот на МИС на Македонија, првиот јавен Пречек на Нова година на плоштадот во Скопје.. Исто така, тој несебично помагаше во сите манифестации кои ги организираше ревијата Екран.

Марио Липша беше еден од првите рокери во Македонија. Како клавијатурист тој заедно со браќата Зоран и Лаки Панчетовиќ свиреше во групата „Вихори“, а потоа и во групата „Македонија“ во која како вокални солисти настапуваа Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Кирчо Поп Лазаров и Панче Кочовски. Марио Липша беше во брак со Сашка Петковска која загина во сообраќајна несреќа.

Тој долго време беше претседател на Здружението на естрадните работници на Македонија преку кое им организираше настапи речиси на сите македонски музичари и вокални солисти на бившите југословнски простори и посебно во летувалиштата на Јадранскиот брег.

Марио Липша беше еден од најдобрите организатори на модните ревии во нашата земја и на модните саеми во странство.. Со оглед на тоа што беше чесен човек и добар организатор него сите го бараа за промотор на нивните настапи. А голем број на музичари вечно ќе му бидат благодарни затоа што преку Здружението успеа да им обезбеди и заслужни пензии..

Марио нека ти е светол патот во вечните ловишта!

Фејсбук-статус на Тимчо Апостолов

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Тага до небо! Ненадејно почина холивудскиот актер, еве што се случило!

Во сон почина легендарниот холивидски актер Реј Лиота, пренесуваат американските медиуми. Ѕвездата од култниот мафијашки филм „Добри момци“ престојувал во Доминиканска Република каде што работел на новиот проект. Лиота беше еден од најпочитуваните актери на големото платно. Неговата животна приказна е навистина филмска. Како бебе бил оставен во сиропиталиште пред […]