fbpx

Македонија тагува, почина Никола: Три дена лежев на улица, човек не помина..

„Пасворд продукција“, организаторите на „Д Фестивал“, споделија тажна вест на нивниот фејсбук-профил.

Тие се простија од нивниот верен пријател во Дојран.

„Деновиве си замина нашиот домаќин, чичко Никола. Човекот кој секоја година нè пречекуваше во Дојран со зборовите „три дена лежев на улица, човек не помина, редно беше да дојдете“. Неговата куќа, беше наш дом, неговата спокојност и наш мир, неговите специјалитети против сите диети, а Pink Western го топевме заедно со тон на најјако! Чичко Никола, никогаш не ни остави клуч, тој ни ја оставаше својата куќа отворена за сите наши соработници, пријатели, колеги. Го сакаше Дојран како вистинска љубов што никогаш не се остава! Почивај во мир чичко Никола, не знаеш колку нè задолжи и ние нема да заборавиме!!!“, пишува во објавата.

Тимот на „Д Фестивал“ во омилениот салон

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Фановите плачат: Касандра заврши во болница (ФОТО)

Фановите се загрижени за нејзиното здравје Хоспитализирана е Кораима Торес, славната актерка од Венецуела која се прослави по улогата на Касандра во истоимената серија. Таа предмалку се огласи на социјалните мрежи и објасни што се случило. „Завршив во болница поради респираторни проблеми. Добив соодветна терапија и конечно се враќам дома. […]