fbpx

Почина синот на познатите актери: Една работа ги шокира сите! (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Харисон Вагнер, синот на ѕвездите од хит-серијата General Hospital, Џек и Кристина Вагнер.

Според извештајот на полицијата кој го објави и магазинот People, 27-годишниот Харисон беше пронајден мртов на паркинг во Лос Анџелес.

Она што ги шокира сите е што и два месеца по трагедијата се’ уште не се соопштува причината за смртта.

Џек и Кристина се венчаа во 1993 година, а се разведоа во 2006-та, но останаа во пријателски односи.

Освен Харисон, поранешната холивудска двојка го има и 31-годишниот син Питер, а Џек има и ќерка од претходна врска.

Популарните актери се немаат огласено по трагедијата.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Скршена е: Мајката на Кристина со нови детали за смртта на ќерка си

Поминаа точно шест месеци откако познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва во својот стан. Останаа неутешни мајка ѝ и сестра ѝ, но и бројните пријатели кои често го посетуваат нејзинот гроб. Семејството се’ уште живее во агонија и бара одговор што навистина се случило кобната ноќ. […]