fbpx

Трагедија! Загина познатиот инфлуенсер, неговата девојка тешко повредена

Несреќата се случила во Бодрум каде двојката била на летување

Популарниот инфлуенсер Џејк Меклин (33) загина во тешка сообраќајна несреќа во Бодрум, Турција.

Неговата девојка, ѕвездата од реалните шоуа Јазмин Оукхелоу (28), е хоспитализирана со тешки повреди, но е вон животна опасност, јавуваат тамошните медиуми.

Со автомобилот кој го управувал Џејк, познатата двојка слетала од патот, а најверојатно причина за несреќата е неприлагодена брзина.

Фановите се во шок, а веста за смртта на ѕвездата од ТВ-форматот „Towie“ (The Only Way Is Essex) со неверување ја примија и неговите колеги. Една работа ги шокира сите, а тоа е неговото минато. Негов пријател коментира дека Џејк не бил светец, но дека е страшно ова што му се случило.

„Беше контроверзна личност, три и пол години помина во затвор. Но, секој има минато, зарем не“, коментира тој.

Мештаните раскажуваат дека Итната помош реагирала експресно, но дека на момчето му немало спас.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Карлеуша потврди дека се разведува: Децата остануваат кај неа, еве што се договорила за имотот

По 14 години брак, Јелена Карлеуша потврди дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ. Балканската музичка ѕвезда преку „Инстаграм“ ѝ се обрати на јавноста. „Со Душко спогодбено се договоривме да ставиме крај на нашиот брак по 14 години. За жал, тој повеќе не се гледа како дел од нашето семејство. […]