fbpx

Неочекуван пресврт: Ова е вистината за Мартин, момчето по кое се трага на Халкидики

„Мартин е роден 1991 година, значи тој нема 28 години како што се пишува, туку има 30 години. Голема невистина се објавите дека Мартин бил слаб пливач. Апсолутно не е точно! Тој е одличен пливач, во минатото вежбаше и балет, значи има силна мускулатура на нозете и на телото. Тоа ни дава огромна надеж дека се’ ќе биде во ред, дека можеби се наоѓа на некој брег..“.

Ова е дел од потресното сведоштво на роднина на Македонецот кој исчезна во водите на Егејското море. Таа за „Фокус“ апелира до граѓаните, а особено до медиумите да не шпекулираат со информации за Мартин во овие исклучително тешки моменти за фамилијата.

Нагласува дека Мартин не живее во Америка и не бил дојден овде од Америка на летување.

„Тој живее и работи во Скопје, а пак неговиот брат живее во Америка. Мартин живее заедно со мајка му, татко му почина пред осум години. Во периодот кога се случи исчезнувањето, неговата мајка беше во Америка, во посета на брат му. За прв пат отиде да го посети синот… По настанот, таа тргна кон Грција, патуваше со авион 17 часа до Цирих. Сега секој момент треба да слета во Грција, ќе ја пречека македонскиот конзул и пријатели“, раскажува таа за „Фокус“.

Открива дека Мартин заминал со десеттина другари во Грција во саботата, истиот ден кога се случи инцидентот. Подолг период го планирале патувањето на кое сакале да го прослават роденденот на нивниот пријател Иван, момчето кое беше спасено по околу 19 часа минати во морето.

Мартин пред два дена беше одвлечен од морските струи, откако влегол во водите на Егејското Море кај местото Посиди на првиот крак на Халкидики. Силниот ветер кој попладнево го зафати полуостровот ја проблематизираше потрагата која веќе втор ден по него ја организираат грчките власти.

Мајката на Мартин: Ова е вистината за момчето по кое се трага на Халкидики

Мартин е последниот од тројцата другари кои беа одвлечени во водите. Иван грчките спасувачки служби го извлекоа вчера. Го забележа воен хеликоптер оддалечен 23,5 километри од најблискиот брег. Животот му го спаси полуиздишана топка на која се потпирал цели 18 часа додека бил во морето. Грчките медиуми информираа дека топката ја загубило дете кое си играло на плажите на островот Лимнос кој се наоѓа на речиси 150 километри одалеченост од Посиди по морски пат.

Се огласи и братот на исчезнатиот Мартин: Неговата порака ќе ве расплаче

Најлесно помина Васил кој беше спасен од сурфер. Тој за „Сител“ објасни дека условите во морето се смениле многу брзо и воопшто немале простор да реагираат.

Од македонското Министерството за надворешни работи велат дека се во постојан контакт со грчките колеги и надлежните спасувачки служби.

Следни Објави

Се огласи мајката на Мартин: Ова е вистината за момчето по кое се трага на Халкидики

Веќе четири дена нема трага од Мартин, Македонецот кој се води за исчезнат од саботата попладне кога беше понесен од морските струи на Халкидики. Потрагата продолжува и денес, а во Грција синоќа пристигна и мајката на момчето. Се’ уште има верба дека Мартин ќе биде пронајден. „Ја напуштив Америка за […]