fbpx

Ја убија, а вие ја докусуривте! Таткото на прегазената Викторија со потресно сведоштво

Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се’ е совршено. Почивај во мир, ќерко наша!

Едно исто убиство трипати, една иста болка засекогаш!!

20.01.2022 црн ден за нашето семејство!

11.04.2022 црн ден за нашето семејство!

26.05.2022 црн ден за нашето семејство!

Викторија во рок од 5 месеци убиена 3пати, еденпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија.

Бараме правда нема, бараме утеха нема, ја бараме Викторија ја нема!!!

Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција Судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на НЕПРАВДАТА!!

Се вљубивме пред четири години, сонуваше да стане професор: Момчето на прегазената Викторија си ја отвори душата

Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!?

Спречивте ли нов случај Викторија!?

Спречивте ли сообраќајно насилство!?

НЕ, НЕ и НЕ!!

Напротив, дозволивте лудување!!

Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!!

За ситни кривични дела ги оставате по 3 4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!!

Дојдете 1 ден, само 1 ден, во очи погледнете не, очи ќе ви преговорат дека ние не по наша желба го минеме овој пат, ние не по наша желба сакавме да ја искусиме горката правдина, ние не по наша желба ја изгубивме нашата Викче.

Ни ја зедоа, ја нема, ја убија, а вие ја докусуривте!! Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја НЕМА!!

На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!! Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!!

Мајката на момчето на прегазената Викторија: Душата да ти гори!

Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга “Ниедна мајка да не виде јас што доживев” уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!!

Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се е совршено.

Почивај во мир ќерко наша!

Фејсбук-статус на Славе Николов

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Неверување по смртта на младиот Стефан: Нова трагедија ја потресе Македонија

Уште една тажна вест денеска ги вознемири македонските граѓани. Уште еден живот прерано згасна, а немилиот настан го потврдија и од СОУ „Јане Сандански“ од Штип. „Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот ученик Стефан Митев од 3-3 клас. Ќе те паметиме како вреден ученик […]