fbpx

Тажен ден во Канал 5: Колегите се простуваат од Ване

По кратко и тешко боледување, денеска не’ напушти нашиот колега и пријател Јованчо Жабев-Ване, информираат од Канал 5.

Во телевизијата Ване работеше како линк-оператор, а целата своја професионална кариера ја помина во секторите за студиска и преносна техника.

„Канал 5 од името на сите вработени изразува искрено сочувство до фамилијата, но и благодарност за неговиот придонес во работењето на телевизијата“, стои во соопштението.

Меѓу колегите ќе остане запаметен како ведар човек, секогаш посветен на работата.

Јованчо Жабев-Ване е роден на 30 декември 1958 година во Скопје.

Фото: Канал 5

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Која е Емилија, жената со која Бајага се разведува по 33 години брак?

Ѝ ги посвети сите љубовни песни, на крај ја остави Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ-Бајага, се разведе од сопругата Емилија по 33 години брак, јавуваат српските медиуми. Популарниот музичар кој неодамна повторно гостуваше кај нас, токму нејзе ѝ ги посвети сите љубовни песни, а во една […]