fbpx

Тага! Почина познатата актерка на 59 години, ја загуби битката со ракот

Почина актерката Чери Џил, вистинска икона во шоубизнисот, пишуваат американските медиуми.

Ја загуби битката со ракот, имаше само 59 години.

Нејзината смрт за „Џи Ем Еј Њуз“ ја потврди нејзиниот внук, актерот Сид Луцеро.

Растена во фамилија со глумци, Џил уште од мала изрази желба да тргне по истиот пат.

Во 1994 година одлучи да се дистанцира од Холивуд за да му се посвети на семејството, а на големото платно се врати со остварувањето Sugatang Puso кое ѝ ја донесе и првата значајна награда на филмскиот фестивал во Манила за најдобра споредна улога.

Публиката најмногу ја памети по култната реплика „Ти не си ништо друго, освен копија во обид“ од филмот Bituing Valang Ninging од 2006 година.

За време на пандемијата Џил стана менторка по актерска игра и за нејзините онлајн-часови се бараше место повеќе.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Му почина синот единец: Македонскиот градоначалник скршен од болка

Во раните утрински часови денеска почина синот на Азем Садику, градоначалникот на општина Студеничани, објави порталот на албански јазик aktuale.mk. Басри Садику подолго време се борел со тешка болест, а последните два дена состојбата му се влошила. „Долгогодишната битка со оваа болест Басри ја загуби во Клиничката болница „Мајка Тереза“ […]