fbpx

Какво зимање, ѝ се ближи крајот.. Потресно сведоштво за пациентка во „8 септември“

Да се пожалам и да ве известам. Многу лошо искуство од пулмологија 8ми септември. Моја блиска личност беше болна од корона со првиот бран, лежеше во болница, ја спасија, но многу ѝ се оштетија белите дробови и ѝ се намали капацитетот на работа на нив. Две години примаше терапии (спрејови), притоа нели идеше на контроли и се’ било добро демек исто како од тогаш.

Пред една недела состојбата нагло ѝ се влошува и ја носиме на пулмологија 8ми септември. Ѝ прават испитувања, ѝ кажуваат тешко воспаление на бели дробови, мора да лежи, ја примија. Другиот ден уште повеќе ѝ се влошува состојбата, почнуваат халуцинации, па да има кризи депресивни (да се фрли од спрат) и други работи и сеа да го кажам главното..

Сестрите “докторки” им е многу тешко за неа да се грижат, па не убедуваат упорно да си ја земеме дека ѝ е супер состојбата, само мора да лежи на психијатрија, дека не е за таму и се смеат. Се јавуваме, бараме врски доктор да ни каже точно како се одвиваат работите и вика поради недостаток на кислород почнува да има такви кризи, мораме да ја лечиме тука.. Сестрите упорно ѝ зборат дека таква сме ја донеле луда во болница и дека мора да се лечи на психијатрија.

Другиот ден пак истото.. Ѕвонат од болница сестрите, зимајте ја, не можеме да ви ја чуваме.. Идеме таму, докоторот вика какво зимање не е за пуштање, ѝ се ближи крајот, зависна е од кислород.

ШТО Е ОВА СО НАШАВА ДРЖАВА ДА НЕ СЕ ПРОВЕРУВА КАКВИ СЕ’ ЛИЧНОСТИ РАБОТАТ ПО БОЛНИЦИТЕ ДА СЕ ИСМЕЈАВААТ НА БОЛЕСТ?? Дали имаат жал малце какви стресови им прават на фамилиите и на тие луѓе таму што лежат да им зборат дека не ја сакаме, дека не сакаме да ја земеме во тие моменти??

СЕСТРИТЕ ДА СЕ ПРАВАТ ПОГОЛЕМИ ДОКТОРИ ОД ДОКТОРИТЕ. Да немаат жал, да ги мрзи да работат! Зошто не е способна сама да се грижи, како другите пациенти да сакаат да ја избркаат и тоа да не принудат да потпишеме дека на наша одговорност ја зимаме!!!!! СРАМ!!!!!

Ова е катастрофа, јас вакво нешто не сум видела во својот живот. Толку неодговорни луѓе си играат со човечки животи. Доктор вика за хоспитализација, а сестрите си играат докторки само да се спасат за да не ја чуваат затоа што ѝ треба 24/7 помош, бидејќи не е способна сама да јаде, да се движи, ништо, бидејќи нели се наоѓа во хипоксија да не се изморат случајно, сакаат да пијат кафиња, да пушат цигарчиња, што има да се замараат со било кој. Па дијагноза и направија, луда била за на психијатрија, да сме си ја префрлеле не била за тука добра била со плуќата она супер била, ама ние да се потпишеме на наша одговорност да ја извадиме.. Ѓубриња покварени.

Кога го гушкав мртов, крв му течеше од устата: Весна Петрова со потресна исповед за починатиот сопруг

Секој ден по пет пати ни ѕвонат да ја земеме, демек она сакала да си оди од болница, па ми зборат и пред неа во таква состојба додека е, се плаши никој нема свој покрај неа и викаат ние не ја сакаме, Господ ќе не казнел што не сме ја зимале, не те сакаат затоа не те зимаат и жената плаче.

Една добра жена со неа во соба ни се јави од нејзиниот телефон ние да збориме, да ѝ кажеме дека не е така ситуацијата, дека ја сакаме и мислиме на неа, да се смири и да не плаче. Страшно не знам повеќе што да кажам..

Статус во фејсбук-групата „Ковид 19 Искуства и Совети“

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Мајка си го пронајде синот (12) обесен: Даниела во шок, детали за трагедијата

Дванаесетгодишно момче од Доњи Добриќ во близина на Лозница неодамна се обеси во семејната куќа, а сега се познати и деталите за трагедијата. И.Н. се вратил од училиште во вообичаеното време. Неговата мајка го замолила нешто да ѝ донесе од поткровјето. „Како и секогаш ме послуша без приговор. Кога сфатив […]