fbpx

Мајката на починатиот музичар: Мојот Златко веќе го нема, морам да сум силна за внуките

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на младиот пејач и музичар Златко Живадиновиќ.

Тој им подлегна на повредите со кои се здоби во сообраќајната несреќа во Крушевац, откако беше прегазен на пешачки премин од автомобил управуван од жена која наводно била во тешка алкохолизирана состојба.

Сега се огласи и неговата мајка скршена од болка.

„Не знаевме дека е повреден, дознавме дури по 14 часа од несреќата. Кога слушнав, ќе се онесвестев. Некако собрав сила да им се јавам на роднините во Ниш, тие отидоа во болница да го видат, да им ги дадат на лекарите потребните податоци“ се присетува мајката на Златко.

Вели дека се надевале оти ќе се извлече, верувале дека е силен.

„Мојот Злајко веќе го нема, само сакам мирно да го испратам на оној свет. Морам да останам присебна поради неговите деца и сопругата“, низ плач раскажува таа.

Многу колеги на Златко се огорчени од начинот на кој почина.

„Мора возачите да сносат поголема одговорност и казните да бидат многу поригорозни“, коментираат тие.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Каква убавица: Цеца објави слика со мајка си (ФОТО)

Светлана Цеца Ражњатовиќ често истакнува во интервјуата колку е горда на своите родители кои секогаш максимално ја поддржувале во текот на кариерата. Иако не ги гледаме често во јавноста, фолк-ѕвездата понекогаш знае да изненади со фотографии од приватниот албум. Така, во една прилика балканската фолкерка објави слика на која позира […]