fbpx

Естетски хирург ја „подбра“ Слобода Миќаловиќ: Ова е списокот со операции кои ги направила

Слобода Миќаловиќ беше прогласена за најубава природна актерка во светот. Дури и Моника Белучи ѝ оддаде признание

Таа е една од омилените актерки на овие простори, а американскиот портал Beautiful Women Pedia минатата година ја прогласи за најубава природна глумица во светот.

Слобода Миќаловиќ ужива голема популарност, а на „Инстаграм“ ја следи дури и славната Моника Белучи која во една прилика не штедеше комплименти за убавината на српската актерка.

Но, дали Слобода навистина е толку многу природна, како што најчесто ја претставуваат медиумите?

Познат естетски хируг тврди дека таа имала помали интервенции. Се согласува дека се’ уште ги нема оперирано градите, но нагласува дека дури ниту таа не успеала да му одолее на ботоксот.

Тој вели дека ако добро ги погледнете нејзините постари фотографии, веднаш ќе забележите дека незначително ги освежила усните со хијалурон.

Како и да е, во морето пластични „селебрити“, таа и тоа како изгледа природно и отмено. Мејкапот секогаш ѝ е сведен на минимум и со право е синоним за природна убавина, коментира истиот хирург.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресна сцена: Тага по смртта на младиот Славе Петков (ФОТО)

Лозари живеат вечно, со огромен транспарент порачаа навивачите на „Тиквеш“ на последниот натпревар на фудбалскиот клуб од Кавадарци, одавајќи му почит на прерано починатиот Славе Петков. „Царство небесно Бог нека ти дари, твоето име вечно ќе се слави!“, напишаа тие на нивната официјална фејсбук-страница „Лозари Исток Кавадарци“. – Солзи од […]