fbpx

Немам зборови за загубата: Росана скршена од болка

На 81 година почина македонската музичка дива Невена Кочовска, пејачката на легендарниот состав „Мањифико“.

Нејзините славни ќерки со емотивни зборови се простија од својата мајка. „Патувај мирно, мајко моја. Патувај и пеј со ангелите“, напиша пејачката Лидија Кочовска на социјалните мрежи.

И нејзината постара сестра, актерката Тања Кочовска, е скршена од болка по смртта на мајка си која со години боледуваше од Алцхајмер.

Поддршка во овие тешки мигови за семејството, Тања доби и од докажаната интерпретаторка Росана Сариќ-Тодоровска.

„Немам зборови за загубата. Пред се’, на вас и вашето семејство, но и на сите нас за една прекрасна жена, уметник, жена за почит и жена, мајка, кралица.. Сочувствувам за вашата загуба и навистина жалам.. Вашата и нашата жена уметник, мајка, кралица, нека почива во мир горе меѓу ангелите.. Тоа го заслужила.. Спокојство и мир. Амин!“, напиша Росана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Македонија тагува! Загинаа две млади момчиња: Ова се деталите за трагедијата

Пошироката јавност за дијагнозата на Невена дозна откако нејзините ќерки побараа помош на социјалните мрежи кога пред две години исчезна.

„Во прашање се веќе неколку години. Но, болеста прогресира. И знаете како, велат дека Алцхајмер е болест на целото семејство, и навистина е тешко. Сите сме околу неа, и јас, и мојата сестра Лидија, и целото смејство“, раскажа Тања неодамна.

Фото: Фејсбук/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина сосема ненадејно: Македонија тагува

Тажна вест Сосема ненадејно, на 71-годишна возраст почина Борче Филчев, соопшти Кошаркарската Федерација на Македонија. Филчев беше составен дел на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862-Скопје цели 35 години, од кои последните десет повеќе од успешно ја извршуваше претседателската функција. „Со своето работење, организаторски способности и посветеност кон клубот, во значителна […]