fbpx

Си замина од Канал 5: Дебарлиева пресече, важна одлука на омилената презентерка

Билјана Дебарлиева нема да ја гледаме повеќе на Канал 5.

Омилената македонска презентерка и водителка навистина ја изненади јавноста со оваа нејзина професионална одлука.

„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно.. ќе ми фалите“, напиша таа на „Фејсбук“ објавувајќи и две фотографии.

Дебарлиева повеќе од две и пол децении е на екраните. Помина низ многу ТВ-проекти, а во едно интервју призна дека „ТВ Крстозбор“ и „Бебе Магазин“ се емисиите кои ќе ги памети како посебни и на кои публиката и денес, после толку години се сеќава.

Дебарлиева неодамна конечно го покажа и сопругот кој знае да ѝ парира и со стајлингот, а како изгледа човекот со кого е во брак цели 27 години можете да погледнете ОВДЕ!

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Јулија и Јана останаа без мајка: Сите плачат за Марина, еве зошто беше толку посебна

Невладините организации од целиот регион се шокирани по смртта на 46-годишната Марина Радојиќиќ, успешна жена претприемач и голем хуманитарец. На Марина, која вчера беше погребана во Чачак, кон крајот на 2019 година ѝ бил дијагностициран малигнен тумор на раката по што брзо била оперирана. „Храбро се бореше до крај против […]