fbpx

Сакаше да стане пилот, заврши во Холивуд: Светот во шок, почина познатиот актер

Тажен ден за вистинските љубители на седмата уметност

На 66-годишна возраст почина американскиот глумец Кларенс Гилјард помладиот.

Актерот кој се прослави во филмските класици „Умри машки“ и „Топ ган“ беше голема холивудска ѕвезда пред да се повлече од шоубизнисот за да му се посвети на образованието.

Веста за неговата смрт ја потврдија и од универзитетот на кој со години предаваше.

„Кога и да го прашавме како е, весело ќе ни зборуваше колку е благословен. Но, ние сме тие кои навистина бевме благословени да му бидеме колеги и ученици. Ве сакаме професоре, ќе ни недостигате многу“.

Освен на големото платно, Гилјард го гледавме и на малите екрани. Играше во серијата „Вокер, тексашки ренџер“.

Интересен момент од неговата биографија е што пред да ѝ се посвети на уметноста, сакал да стане пилот, па цела година следел предавања на Воздухопловната академија.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова е страшно! На жена ѝ „експлодира“ главата за време на операција (ВИДЕО)

Директорот на болницата соопшти дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево извлекувале отров од стомакот на пациентката Средовечна жена загина во болничкиот кревет откако се случила експлозија во нејзината уста за време на перење на желудник. Шила Деви (40) од Индија била хоспитализирана откако испила непознат отров во мај […]