fbpx

Ѝ гледам на смртта в очи: Ѝ се врати ракот, познатата пејачка не се предава

Пејачката Бојана Барјактаревиќ испиша историја во популарното музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Првпат во ова шоу еден ист кандидат беше троен лауреат, откако таа доби најмногу СМС-гласови, а потоа триумфираше и на фејсбук-гласањето, а доби и најмногу поени од жирито.

Барјактаревиќ е поранешна вокалистка на групата „Бон Ами“ и никој не остана имун на нејзината животна приказна.

Таа во една прилика откри дека долгогодишната пауза во кариерата била неминовна поради тешката болест со која се соочила.

„Со музика се занимавам 29 години, никогаш не сум ја запоставила. Јас само се повлеков од медиумите да се рехабилитирам, но поради различни околности ми требаа дури 17 години за повторно да се вратам на естрадата“, призна таа.

Бојана сега откри дека по третпат ѝ се вратил ракот на дојката. Вели дека борбата е исцрпувачка, но дека лавовски ќе се бори до последен здив.

„Ми извадија 24 жлезди. Примив 16 хемотерапии, а после првата останав без коса. Доброто е што сега имам нови влакна и тоа 40 отсто повеќе од претходно. Она што е најважно е да се биде упорен и позитивен, да не дозволите психички да паднете затоа што тоа е најлошото што може да ви се случи“, раскажа таа лани во едно интервју.

Фото: Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

На само два чекора до смртта: Потресни детали за трагедијата во Велес

Прегазеното девојче им било единствено чедо на родителите Велешанецот кој вчера на улица во градот прегази 11-годишно дете и тешко ја повреди нејзината мајка и понатаму е во бегство. Полицијата се’ уште не може да го лоцира. Според последните информации, станува збор за 29-годишниот Ангелче Н., a брзината со која […]