fbpx

На само два чекора до смртта: Потресни детали за трагедијата во Велес

Прегазеното девојче им било единствено чедо на родителите

Велешанецот кој вчера на улица во градот прегази 11-годишно дете и тешко ја повреди нејзината мајка и понатаму е во бегство.

Полицијата се’ уште не може да го лоцира.

Според последните информации, станува збор за 29-годишниот Ангелче Н., a брзината со која тој го управувал автомобилот е причината за трагедијата која ги вознемири македонските граѓани.

Како што дознава порталот „Дума.мк“, девојчето е единствена ќерка на родителите. Вчеравечер трочленото семејство ја преминувало улицата „Борис Трајковски“ на пешачки премин. Таткото бил само два чекори пред ќерката и сопругата кои се наоѓале на коловозот до самиот тротоар кога патничкото возило „мерцедес“, кое сообраќало со огромна брзина, удрило директно во детето и ја закачило мајката.

Двајцата родители со возило на итна помош биле префрлени во велешката болница. Мајката имала скршеница на ногата и повреди на главата, а таткото бил во состојба на шок со болки во градите.

Фото: Принтскрин/Сител

Следни Објави

Бес и револт кон проклетникот: Трогателни пораки за прегазената Магдалена (ФОТО)

Потресно! Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема? Како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто? Како да ги задржиш солзите кога син […]