fbpx

Имаше големо срце! Тажен ден, сите се простуваат од „чичко Вангел“

Почина д-р Вангел Тодоров, специјалист педијатар.

Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата, коментираат неговите сограѓани.

„Големото срце, добрина и хуманост, најдобро беа препознавани од децата кои со радост и без страв доаѓаа во амбулантата на д-р Вангел или чичко Вангел, како што го нарекуваа неговите мали пациенти. Остави неизбришлива трага во здравството, а посебно во педијатријата на градот и пошироко“, пишува „Тера“.

Д-р Тодоров (69) заврши Медицински факултет на Универзитетот во Белград, каде на Институтот за мајка и дете специјализира во областа на педијатријата. Повеќе од 40 години работеше како лекар и педијатар, а пред 17 години ја основа ПЗУ „Д-р Вангел“.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои и признанието 4-Ноември на општина Битола во областа на здравството.

Следни Објави

Беше големо дете со чиста душа: Македонија тагува, нѐ потресе ненадејната смрт на Стојановски

Страшно нѐ потресе веста за ненадејната смрт на Борче Стојановски-Џеронимо, нашиот волонтер. Сѐ уште не можеме да веруваме дека тоа е вистина. Немаме зборови со кои би ја искажале нашата тага. Тој е еден од првите волонтери на Детската амбасада Меѓаши. Нашиот драг Џеронимо, многу ќе ни недостасува. Чиста душа, […]