fbpx

Си ја сними сопствената смрт: Патник во непалскиот авион ги забележа последните моменти пред уривањето

Вознемирувачко видео!

По уривањето на авионот со 72 патници во Непал, денеска е потврдена смртта на 68 луѓе, а четири се водат како исчезнати.

Леталото ATR72 на авиокомпанијата „Јети Ерлајнс“ се сруши во провалија во областа Покар.

Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, изјави дека црните кутии се во добра состојба.

Еден од патниците успеал да го сними моментот на уривањето, а вознемирувачкото видео е објавено на „Твитер“.

Според тврдењата на социјалните мрежи, станува збор за патник од Индија кој со своите пријатели тргнал на неколкудневно рекреативно уживање со параглајдери.

Ова е најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанска компанија се урна во близина на Катманду и загинаа сите 167 патници и членови на екипажот.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Во 90-тите беше најдобрата пејачка на овие простори: Се разведе, се пропи, а потоа се препороди

Денес изгледа сосема поинаку, комплетно му се посвети на семејството и ретко се појавува на јавни настани. Мирот го пронајде на село  Пред само две децении беше една од најпопуларните пејачки во регионов. Сите зборуваа за визуелниот идентитет со кој се наметна на сцената, со чувството за естетика поместуваше граници […]